мај 10, 2026

На 09.05.2026 во 12:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Македонско-косовска бригада” и ул.„Аугуст Цезарец” во Скопје, патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(51) од Скопје, удрило во двајца пешаци – 57-годишната Ф.С. и А.Т.(27), двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.С., а со телесни повреди А.Т., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK