мај 10, 2026

Кошаркарите на ТФТ не успеаја да изборат мајсторка, во баражот за пласман во АБА лигата. Вечерва во Скопје, Борац од Чачак, уште еднаш убедливо го порази ТФТ, конечниот резултат беше 97:65.

Борац ја доби серијата против ТФТ со 2-0 и избори опстанок во АБА лигата.

Гостите од Чачак во првата четвртина стекнаа двоцифрена предност, која продолжи да расте до крајот на натпреварот.

ТФТ целосно се предаде во последната четвртина, која Борац ја доби со 24:9.

Најдобри за победниците беа Ускоковиќ со 23, Чарапиќ со 20 и Николиќ со 17 поени, додека на другата страна се истакнаа Гордон со 18 и Стенли со 15 поени.

За потсетување, Сплит испадна од АБА лигата, а Широки Бријег избори пласман во најсилната конкуренција.

Foto/ TFT Skopje/Petr Stojanovski

Share

The post ТФТ повторно загуби од Борац – Српскиот тим избори опстанок во АБА лигата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK