мај 12, 2026

Дик Адвокат, 78-годиешен холандски тренер, ќе се врати на клупата на Курасао, централноамериканската островска нација која освои настап на Светското првенство, пишува холандскиот портал „НОС“.

Курасао обезбеди историски пласман на Светското првенство како најмала земја што некогаш го сторила тоа, а токму 78-годишниот холандски стручњак имаше голема заслуга за тој успех.

Адвокат мораше да се повлече од функцијата селектор претходно оваа година поради тешката болест на неговата ќерка, а го наследи Фред Рутен.

Рутен немаше најдобар почеток на својот мандат, загуби пријателски натпревари против Кина со 2:0 и Австралија со 5:1, па челниците на федерацијата одлучија да не му дадат доверба за Светското првенство.

Адвокат, доколку води натпревари во Америка, ќе стане најстариот тренер во историјата на светските првенства. Рекордот моментално го држи Ото Рехагел, кој ја предводеше Грција на Светското првенство во 2010 година на 72-годишна возраст.

На Светското првенство, Курасао ќе игра во групата Е, во која се и Германија, Еквадор и Брегот на Слоновата Коска.

Адвокат е тренер со богата кариера кој ја предводеше Холандија во три наврати како селектор. Тој беше и селектор на Србија, Русија, Обединетите Арапски Емирати, Белгија, Ирак и Јужна Кореја.

Од холандските клубови, тој ги предводеше Феенорд, Алкмар и ПСВ во неколку наврати. Тој беше шампион на Холандија само еднаш, со ПСВ во 1997 година. Во 2008 година, го освои Купот на УЕФА со Зенит.

Foto/ depositphotos

Share

The post Дик Адвокат се врати на клупата на Курасао appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK