Лука Дончиќ објави дека нема да игра за словенечката репрезентација летово лето, во квалификациите за Светското првенство во 2027 година.
Лука Дончиќ играше одлично во дресот на Лејкерси сè додека не се повреди во финишот од сезоната, што го оддалечи од паркетот во текот на целиот плејоф. Лејкерис во првото коло со 4:1 го победија Хјустон, но во второто добија „метла“ од Оклахома (4:0).
Дончиќ сега ќе има време целосно да се рахабилитира од повредата, но како што обајви на „Инстаграм“, повредата не причината за неговата одлука.
„Ги сакам моите ќерки повеќе од сè, тие секогаш се на прво место во мојот живот. Додека се борев за заедничко старателство над моите ќерки, бев принуден да донесам тешка одлука помеѓу патување и играње за словенечката репрезентација и поминување време со моите ќерки ова лето. За жал, беше исклучително тешко да ги видам во изминатите осум месеци“, напиша Дончиќ.
„Дадов сè за да ја претставувам Словенија и разочаран сум што нема да можам да играм за мојата земја ова лето. Но, во моментов, моите ќерки и одговорноста како татко се мои приоритети.“
Во првиот следен квалификациски прозорец за Светското првенство, Словенија ќе ја посети Естонија на 3 јули, додека три дена подоцна ќе ја пречека Шведска.
Foto/ depositphotos
The post Дончиќ летово нема да игра за Словенија appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
