мај 12, 2026

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стевче Јакимовски во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ не ја исклучи можноста повторно да се кандидира за прв човек на општината, оставајќи отворена врата за свое враќање во локалната политика.

Одговарајќи на прашање за своите идни политички амбиции, Јакимовски истакна дека конечната одлука ќе ја носи исклучиво според интересите на Карпош и граѓаните.

„Јас во Карпош оставив 16 години од мојот живот. Таму се афирмирав и како човек и како политичар. Мојата одлука ќе зависи од тоа што е најдобро за општината. Ако е најдобро јас да се кандидирам, повторно ќе го направам тоа. Карпош заслужува да излезе од овој застој“, изјави Јакимовски.

Тој посочи дека општината минува низ тежок период и дека, според него, е потребно стабилно и искусно раководење за повторно да се врати развојниот ритам.

Изјавата на Јакимовски доаѓа во период кога во јавноста сè погласно се отвораат прашањата за иднината на локалната власт во Карпош и можните политички сценарија во пресрет на следните изборни процеси.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK