мај 12, 2026

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, свика вонредна прес-конференција по катастрофалната сезона без трофеј, и наместо да ја смири ситуацијата, дополнително ја разгоре атмосферата.

Првиот човек на „кралскиот клуб“ влезе во жестока расправија со претставниците на медиумите.

Реал ја заврши сезоната без трофеј, загуби од Барселона, па најголемиот ривал и математички ја обезбеди титулата, среде сезоната му врачи отказ на Чабви Алонсо, а клубот дополнително е потресен од инцидентот меѓу Федерико Валверде и Орелијан Чуамени.

За време на своето обраќање, Перез се обиде да ги пронајде виновниците за неуспешната сезона, па ги нападна челниците на Ла Лига, зборуваше за „луѓе во сенка“ кои сакаат да го преземат клубот, но најголем шок предизвика кога им се обрати на новинарите, со кои влезе во жестока расправија.

„Дозволете ѝ на оваа девојка да ми постави прашање. Сите останати сте грди“, рече Перез во еден момент од конференцијата и предизвика неверица во салата.

Првиот човек на Реал беше особено лут на медиумската компанија „АБЦ“ и новинарот Давид Санчез де Кастро поради написите за неговата здравствена состојба.

„AБЦ, медиум кој многу ме сака, напиша дека сум уморен пред состанокот. Вие го напишавте тоа, Давид Санчез де Кастро. Сакав да ве поздравам и да прашам зошто го објавивте ова. Секако дека бев уморен“, го впери Перез кон новинарот.

„Станувам рано наутро и си легнувам последен. Работам како куче. Некои новинари мислат дека можат да се мешаат во нашите работи. Реал е најголемиот клуб во светот. Зошто новинарите сакаат да го расипат тоа? За некои од вас, мислам дека сте навивачи на Атлетико“, рече претседателот на Реал.

Перез потоа тврдеше дека имало организирана кампања против него и клубот.

„Секако дека сум фрустриран затоа што не освоивме ништо оваа сезона. Но, освоив 66 трофеи откако сум претседател на Реал. Освоив седум ЛШ. Сакам да им кажам на сите што работат во сенка да гласаат. Водам кампања за заштита на интересите на Реал Мадрид“, рече Перез на прес-конференција.

Кога беше прашан кој ќе го води Реал следната сезона по заминувањето на Чаби Алонсо, Перес не сакаше конкретен одговор.

„Не дојдов да зборувам за спорт. Некои новинари сакаат да си заминам. Нема да си заминам додека не ги изгубам изборите. Нема да дозволам Реал Мадрид да ги украде своите членови“, повтори Перес.

Тој зборуваше и за конфронтацијата во соблекувалната помеѓу Валверде и Чуамени.

„Отпуштив три тренери во иста година. Не е прв пат да се случи тоа. Не е ни прв пат нашите играчи да се караат. Секоја сезона се караат затоа што се конкурентни. Има караница, а потоа ќе се смират и сè уште играат заедно. Тука е различно што некој го кажа тоа јавно. Знаеме кој“, рече Перез.

Foto/ Depositphotos

Share

The post Флорентино Перез „удри“ по новинарите: Сите сте грди appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK