мај 13, 2026

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, соопшти дека е завршена целосната реконструкција и надградба на болницата „8-ми Септември“, проект вреден 12 милиони евра реализиран во соработка меѓу Владата и ТАВ.

Според Николоски, со реконструкцијата болницата ќе стане една од најмодерните здравствени установи во државата и ќе обезбедува подобри услови за пациентите и медицинскиот персонал.

„Навистина е посебно чувство кога се завршува еден голем проект што има огромно значење не само за градот Скопје, туку и за целата држава каде што секојдневно доаѓаат пациенти од цела Македонија, барајќи врвна здравствена услуга“, истакна Николоски.

Тој изрази надеж дека во обновената болница ќе се реализираат успешни оперативни зафати и ќе се лекуваат голем број пациенти.

„Се надевам дека од тука ќе излегуваат добри приказни, успешни оперативни зафати, излекувани пациенти и луѓето ќе си заминуваат со насмевки“, порача Николоски.

Share

The post Николоски: Заврши модернизацијата на „8-ми Септември“: Болницата доби целосно нов изглед appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK