мај 13, 2026

ЈКП Комуналец – Прилеп продолжува со реализација на Оперативниот план за ново засадување и обновување на дрвја, зимзелени и грмушкасти растенија низ градот.

Во рамки на активностите во населбата „Димо Наредникот“, на потегот од споменикот „Прилепски бранители“ до мостот во населбата, биле откорнати старите зимзелени растенија и ружи, по што на нивно место се засадени нови садници.

Од претпријатието информираат дека активностите ќе продолжат уште краток период согласно планот, по што ќе следи пауза во текот на летниот период. Продолжувањето на акцијата е најавено за наесен, кога временските услови ќе бидат најповолни за засадување и обновување на зеленилото.

Од ЈКП Комуналец – Прилеп посочуваат дека со ваквите активности се придонесува за поубава и поздрава животна средина за граѓаните.

Share

The post ЈКП Комуналец – Прилеп го обнови зеленилото во прилепската населба „Димо Наредникот“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK