Бела Хадид направи драстична промена во изгледот, а сите сега ја споредуваат со познатата холивудска дива која е синоним за убавина!
Најбараната манекенка на денешницата Бела Хадид е една од оние манекенки кои како вистински професионалец чекорат на пистата во најлуксузниот фустан. Висината на хонорарите што ги добива за ангажмани може да ви ја заврти главата, а со неа секогаш оди епитетот најзгодна и најубава жена.
Меѓутоа, неодамна актерката Џоди Комер е новата најубава славна личност во светот, според пресметките на британскиот пластичен хирург Џулијан Де Силва, кој го води Центарот за напредна козметичка и пластична хирургија на лицето во Лондон. Хирургот дошол до својот заклучок користејќи го „златниот пресек“, математичка равенка која први ја смислиле Грците во обид да ја измерат убавината.
Бела возвраќа
Познатата манекенка повеќе не изгледа исто! Косата ја обои целосно плаво, а според коментарите на бројните корисници на социјалните мрежи, неодоливо потсетува на Мерлин Монро. За тоа придонесуваат и романтичните бранови кои не сме имале често прилика да ги видиме на Бела.
Нејзините следбеници се воодушевени од промената, и истакнуваат дека таа е уште поубава во ова издание, а поради новиот имиџ добила и нов прекар Мерилин Хадид, како ви се допаѓа повеќе?