мај 14, 2026

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денес присуствуваше на отворањето на 24-та Регионална ревија на песни, музика и игри „Пробиштип 2026“, организирана од Здружението на пензионери од Пробиштип.

Тоневски истакна дека организацијата на ваков настан е доказ дека годините не се пречка за активен и исполнет живот, туку можност за дружење, негување на традицијата и културните вредности.

„Вие пензионерите сте пример за мудрост, истрајност и љубов кон традицијата, културата и заедништвото“, порача Тоневски.

Тој додаде дека Општина Пробиштип и во иднина ќе продолжи да ги поддржува ваквите манифестации кои ги зближуваат луѓето и создаваат убави спомени за сите генерации.

На ревијата учествуваат пензионерски здруженија и културно-уметнички друштва од повеќе градови, а посетителите имаат можност да уживаат во богата музичка и фолклорна програма. објавува Журнал.мк

Share

The post Тоневски: Културата и традицијата се богатство што мора да го чуваме appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK