Легендарниот аргентински тенисер Хуан Мартин дел Потро доживеал голема непријатност бидејќи неговата куќа во родниот Тандил била ограбена, објавија аргентинските медиуми.
Според извештаите, крадците одзеле трофеи, медали, накит и бројни вредни предмети од домот на поранешниот тенисер, вклучувајќи и го и неговиот венчален прстен што му припаѓал на неговиот татко.
Најголемиот момент во неговата кариера е секако освојувањето на Отвореното првенство на САД во 2009 година, додека двапати играл во полуфиналето на Ролан Гарос и еднаш стигнал до истата фаза на Вимблдон.
На Отвореното првенство на Австралија, неговиот најдобар резултат бил четвртфиналето.
Аргентинецот освоил два олимписки медали – сребрен и бронзен – и заработил 25.896.046 долари од турнирски награди за време на својата богата кариера.
Foto/ Depositphotos
The post Ограбен домот на Дел Потро, украдени трофеи, медали и семеен прстен appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
