мај 17, 2026

Сања Божиновска, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, во рамки на престојот во Атина оствари работна средба со Кимберли Гулфојл, за време на дводневниот Energy Transition Summit: East Med and Southeastern Europe.

На средбата, која поминала во пријателска и конструктивна атмосфера, двете соговорнички разговарале за билатералните односи меѓу Македонија и САД, со посебен фокус на енергетската соработка, енергетската безбедност и можностите за продлабочување на партнерството во инфраструктурните и стратешките енергетски проекти.

Божиновска и Гулфојл се осврнале и на неодамнешниот стратешки дијалог во Вашингтон, каде енергетиката била една од главните теми, при што била потврдена заедничката определба за зајакнување на регионалната соработка и поддршка на енергетската транзиција.

Министерката Божиновска ја информирала американската амбасадорка за активностите поврзани со изградбата на гасниот интерконектор со Грција, нагласувајќи ја посветеноста на Владата кон проекти што треба да обезбедат поголема енергетска стабилност, диверзификација на изворите за снабдување и подобра регионална поврзаност.

На средбата било потенцирано и значењето на зголемување на американските инвестиции во енергетскиот и инфраструктурниот сектор во Македонија и регионот, особено во областа на гасната инфраструктура и модернизацијата на енергетските капацитети.

Воедно, министерката Божиновска упати покана до амбасадорката Гулфојл во блиска иднина да ја посети Македонија.

Share

The post Божиновска во Атина на средба со амбасадорката на САД: Во фокусот енергетиката и американските инвестиции appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK