мај 17, 2026

Вистинска драма се случува на познатата плажа Махо Бич на карипскиот остров Синт Мартен, каде туристите буквално се оттурнати од силниот удар на моторите на авионите при полетување.

На видеото кое масовно се споделува на социјалните мрежи се гледа авион на авиокомпанија Insel Air како ги вклучува моторите со полна сила, по што на плажата настанува хаос – луѓе паѓаат, песок и предмети летаат низ воздухот, а моќниот „jet blast“ создава и силни бранови покрај брегот.

Махо Бич е светски позната по тоа што се наоѓа буквално на неколку десетици метри од пистата на аеродромот Princess Juliana International Airport, па туристите често доаѓаат таму за да ги гледаат авионите како слетуваат и полетуваат на екстремно мала височина.

Иако местото е голема туристичка атракција, властите со години предупредуваат дека ударот од моторите може да биде опасен и да предизвика сериозни повреди. Во минатото на оваа плажа имало и трагични инциденти поврзани со силниот воздушен удар од авионите.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА

Share

The post ВИДЕО ШТО ГО ОБИКОЛИ СВЕТОТ: Силата на авионските мотори буквално ги „разнесе“ луѓето на Махо бич appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK