мај 17, 2026

Фудбалерите на Рома го победија Лацио со 2:0 во „Дерби дела Капитале“. Најголем губитник во претпоследното коло е Јувентус, загби дома од Фиорентина 0:2 и сега има минимални шанси да избори пласман во Лигата на шампионите.

Градското дерби, на „Олимпико“ во Рим, го реши дефанзивецот на Рома Џанлука Манчини. Ги постигна двата гола – првиот во 40-та минута и вториот во 66-та минута од играта.

Три минути подцна двата тима останаа со фудбалер помалку на теренот. Црвени картони добија Весли и Ровела.

На овој натпревар, Лацио беше без поддршката на своите најжестоки навивачи, кои го бојкотираа натпреварот поради незадоволство од раководството на клубот.

Рома, ја забележа четвртата последователна победа во првенството и на коло пред крајот е на четвртото место, кое води во Лигата на шампионите.

Во последното коло Рома ќе и гостува на Верона, која испадна од лигата.

Фудбалерите на Фиорентина направија големо изненадување со победата во Торино, над Јувентус. Гостите поведоа преку Ендур во 34-та минута, додека конечниот резултат го постави Роландо Мандрагора со спектакуларен гол во 83-та минута.

Со овој пораз, „Старата дама“ падна на шестото место на табелата и сега ќе и биде многу тешко да се пласира во Лигата на шампионите.

Во последното коло, Јувентус го очекува градско дерби против Торино, но повеќе не зависи само од своите резултати во борбата за елитното европско натпреварување.

Фудбалерите на Милан славеа во Џенова со резултат од 2:1 и направија голем чекор кон пласман во Лигата на шампионите.

Милан поведе со голот на Нкунку од пенал во 50-та минута, додека Атекаме ја запечати победата со гол во 81-ва минута. Единствениот гол за Џенова го постигна Васкез во 87-та минута.

Тимот од Милано ја прекина серијата од два последователни порази и е на еден чекор од пласман во елитното европско натпреварување.

Во последното коло, Милан очекува дуел против Каљари.

Фудбалерите на Наполи ја победија Пиза со 3:0 во претпоследното коло од италијанското првенство и ја обезбедија втората позиција на табелата и место во Лигата на шампионите.

Наполитанците веќе го решија прашањето за победникот во првото полувреме.

Скот МекТомини прв постигна гол во 21-та минута, а Амир Рахмани го дуплираше водството само шест минути подоцна, додека Расмус Хојлунд го постигна последниот гол во втората минута од судиското продолжение. Стартер за Наполи беше Елиф Елмас, одигра 60 минути, а потоа своето место му го отстапи на Кевин Де Брујне.

Пиза веќе немаше шанси за опстанок претходно, додека Наполи практично го обезбеди второто место на табелата во Серија А со оваа победа.

Фудбалерите на Комо ја победија Парма со 1:0, со голот на Шпанецот Морено во 55-та минута од натпреварот.

Со оваа победа, Комо остана во трка за место во Лигата на шампионите и моментално е на петтото место на табелата.

Во последното коло, Комо го очекува дуел против Кремонезе.

Foto/ EPA

Share

The post (Видео) Рома, Наполи и Милан победија, катастрофа на Јувентус appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK