мај 18, 2026

Свршеницата на Кристијано Роналдо изненади со голема промена во својот изглед.

Џорџина Родригез, свршеницата на фудбалерот Кристијано Роналдо, се појави на настанот „Kering Women in Motion“ за време на Канскиот филмски фестивал и веднаш привлече огромно внимание со својот нов изглед.

Најкоментирана беше нејзината нова боја на коса – платинесто руса, која ги изненади и присутните и следбениците на социјалните мрежи. Фотографиите од настанот брзо станаа вирални, а мислењата на фановите беа целосно поделени.

За оваа пригода, Џорџина Родригез избра елегантни црни панталони и тиркизна кошула со длабоко деколте, што дополнително ја истакна нејзината фигура. Комбинацијата ја надополни со луксузен накит и скапа чанта.

Сепак, и покрај гламурозниот изглед, главна тема на вечерта беше нејзината драстична промена на косата.

Додека некои ја пофалија храброста и подготвеноста на Џорџина да експериментира со својот изглед, други не беа воодушевени од промената.

Некои корисници на социјалните мрежи коментираа дека не им се допаѓа новата руса коса, додека други дури шпекулираа дека Џорџина носи перика.

Од друга страна, многу обожаватели застанаа во нејзина одбрана и рекоа дека новиот изглед совршено ѝ стои и дека изгледа многу елегантно.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK