Еден Азар пристигна во Реал Мадрид во летото 2019 година како големо засилување во трансфер вреден околу 100 милиони евра. Белгиецот потпиша петгодишен договор со „кралскиот клуб“, откако го напушти Челзи, но неговиот престој во Мадрид не ги исполни очекувањата.
Во неодамнешно интервју за францускиот „Канал+“, Азар откри неколку интересни детали од тој период, вклучувајќи ја и приказната за бројот на дресот што не го сакал.
Азар раскажа како, по пристигнувањето во клубот, морал да го прифати дресот со број седум, кој го пред него му припаѓаше на Кристијано Роналдо, иако тоа не била негова желба.
Неговата цел била поинаква.
„Не ја сакав седумката. Го сакав бројот десет на Лука Модриќ. Го прашав и мислев дека ќе каже „добро, земи го“, но тој не ми го даде“, рече Азар низ смеа.
Белгиецот нагласи дека никогаш не се чувствувал оптоварен со тоа што требало да биде наследникот на Роналдо.
„Тоа не беше никаков товар за мене, сметам дека не дојдов во Реал да го заменам“, призна тој.
Тој додаде дека медиумите создале наратив дека тој доаѓа како замена за Роналдо, иако нивните стилови на игра се сосема различни.
„Медиумите велеа дека ќе го заменам Роналдо. Мислам дека мојот стил на игра е сосема различен од неговиот. Не можев да постигнувам 60 или 70 голови годишно. Едвај постигнував толку голови во целата моја кариера. Значи, мојот стил на игра беше сосема различен“, објасни тој.
„Дојдов таму да играм како Еден, а не да го заменам Кристијано. Но, како што често се случува, работите не одеа добро“, заклучи Азар, чија кариера во Реал Мадрид беше целосно обележана со низа повреди.
Foto/ Depositphotos
The post Азар: Ја сакав десетката на Модриќ, не ми ја даде appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
