Холивудската дива Деми Мур повторно ги украде сите погледи на Филмски фестивал во Кан, појавувајќи се на доделувањето на наградите „Керинг жени во движење“ во спектакуларна модна комбинација која веднаш стана тема на социјалните мрежи и светските медиуми.
Актерката, која оваа година е член на главното жири на 79-тото издание на фестивалот во Кан, блескаше во впечатлив фустан без прерамки со корсет-крој и необичен виолетов крокодилски дезен, со кој уште еднаш ја потврди својата репутација на една од најелегантните ѕвезди на црвениот тепих.
Сепак, најголемо внимание привлече раскошниот накит што го носеше околу вратот. Деми Мур се појави со монументална дијамантска огрлица, составена од раскошни гранки украсени со скапоцени камења кои создаваа ефект на расцутени цветови. Модните критичари ја опишаа комбинацијата како „една од највпечатливите на овогодинешниот Кан“.
Ова не е првпат актерката да доминира со дијаманти на фестивалот. Веќе на самото отворање на Кан, таа носеше накит вреден дури 250 карати, а со новото појавување уште еднаш покажа дека нејзиниот стил е меѓу апсолутните модни врвови на Француската ривиера.
Покрај восхитот за изгледот, на социјалните мрежи не престануваат коментарите и за нејзиниот изглед, особено за нејзините екстремно слаби раце кои многумина ги забележаа уште од почетокот на фестивалот. Дел од фановите ја бранеа актерката и порачаа дека изгледа фантастично за своите години, додека други дискутираа дали премногу слабата фигура станува тренд меѓу холивудските ѕвезди.
Без разлика на коментарите, едно е сигурно – Деми Мур повторно успеа да биде една од најфотографираните и најкоментирани личности во Кан.
The post (ВИДЕО) Деми Мур го запали Кан: Дијаманти од милиони околу вратот, а сите гледаа во еден необичен детал appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
