Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, има голема желба да го донесе во својот тим, поранешниот соиграч, Џон Стоунс.
Англискиот репрезентативец, пред две недели објави дека нема да го продолжи договорот и дека во летниот преоден рок ќе го напушти Манлчестер Сити.
Стоунс наскоро ќе наполни 32 години, поради што Компани смета дека неговото искуство може да донесе дополнителен квалитет во неговиот тим.
Привлечно за Баерн е што Сотоунс би го добиле без обесштетување, но потенцијален проблем можат да бидат повредите.
Англичанецот пропушти голем број натпревари во последните две сезони. Поради повредите на мускулот, стапалото, препоните, Стоунс одигра само 19 натпревар.
Foto/ Depositphotos
The post Компани ќе ја засили одбраната со поранешниот соиграч appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
