Атлетико Мадрид нема намера да го продава Хулијан Алварез, меѓутоа во клубот се подготвени да направат исклучок доколку стигне понуда од 150 милиони евра.
Шпанските медиуми, шпекулираат дека токму таква понуда добиле на „Метропилитано“ од Париз. Луие Енрике, тренерот на ПСЖ, го одобрил трансферот, а клубот ја понудил бараната сума.
Наводно, Атлетико нема да ја одбие, свесни дека во иднина нема да го добијат она што го бараат.
И повоторно на ниво на шпекулации е дека клубовите во наредните седмици ќе ги започнат преговорите.
Алварез оваа сезона одигра 49 натпревари за шпанскиот клуб, постигна 20 гола и имаше девет асистенции.
Foto/ Depositphotos
The post Атлетико нема да одбие 150 милиони евра за Хулијан Алварез appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
