мај 21, 2026

Младиот музички феномен Јаков Јозиновиќ повторно е во центарот на вниманието, но овојпат не само поради спектакуларните концерти, туку и поради мистериозната русокоса на која ѝ подари црвена роза пред илјадници луѓе во Сава Центар.

Јаков деновиве направи вистински музички бум во Белград, каде одржа дури десет последователни концерти во преполната сала на Сава Центар, а за секој настап се бараше билет повеќе.

Сепак, еден момент од деветтиот концерт стана главна тема на социјалните мрежи и веднаш ги разгоре шпекулациите за љубовен роман.

Среде настапот, додека пееше пред преполната сала, Јаков се симна од сцената и ѝ подари црвена роза на атрактивна русокоса девојка која седеше во првиот ред. Потоа јавно преку микрофон ѝ се заблагодари што дошла на концертот, што предизвика еуфорија кај публиката и лавина коментари на интернет.

По завршувањето на концертот, новинарите веднаш го прашаа дали некоја девојка од публиката му го привлекла вниманието.

„Да!“, одговорил Јаков со насмевка.

Кога бил прашан зошто тогаш не направил поконкретен чекор, пејачот дополнително ја разгорел мистеријата со краток, но провокативен одговор:

„Кој вели дека не реагирав? Слободен сум!“

Неговата изјава веднаш стана хит на социјалните мрежи, а фановите почнаа да погодуваат која е девојката што успеала да го освои вниманието на еден од најпосакуваните млади пејачи во регионот.

Според српските медиуми, станува збор за младата пејачка Бојана Срдановиќ, која таа вечер била во првите редови на концертот. Токму таа ја добила розата од Јаков, а подоцна и самата објавила фотографии од моментот на својот Инстаграм профил.

Фотографиите веднаш привлекоа огромно внимание, а многумина почнаа да коментираат дека меѓу двајцата постои „нешто повеќе од случајна средба“.

Инаку, Јаков неодамна одржа и емотивен концерт во Скопје, за кој со денови се зборуваше низ целиот регион.

Особено вирален стана моментот кога на крајот од концертот не можеше да ги задржи солзите на сцената, додека публиката пееше заедно со него.

Емоциите дополнително кулминираа кога Јаков испеа песна од Тоше Проески, а видеата од концертот масовно се споделуваа на ТикТок и Инстаграм.

Со секој нов настап, Јаков Јозиновиќ сè повеќе го зацврстува статусот на една од најголемите млади музички ѕвезди на Балканот, а неговиот приватен живот очигледно станува подеднакво интересен за јавноста како и неговата музика.

Share

The post Цел Белград зборува за русокосата убавица на која Јаков Јозиновиќ ѝ подари роза на сцена appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK