мај 22, 2026

Селекторот на Норвешка, Сале Солбакен, објави со кои сили репрезентацијата се враќа на најголемата светска фудбалска смотра. Норвежаните, за многумина фаворити од сенка, по 28 години повроно се дел од Мундијалот.

Во видеото со кое е објавен спискот, зборуваше и кралот Харалд V.

„Верувам дека имаме силен тим. Овој состав постигна одлични резултати во подолг период. Станавме член на Лигата на нации А, ги поминавме квалификациите без пораз. Суштината на овој тим е што сите се добри и на теренот и надвор од него. Верувам дека имаме нешто што може да донесе добри работи“, пука од оптимизам селекторот Солбакен.

Списокот со 26 имиња вклучува:

голмани: Орјан Нјиланд (Севилја), Егил Селвик (Ватфорд), Сандер Тангвик (Хамбург),

одбранбени играчи: Кристофер Ајер (Брентфорд), Фредрик Андре Бјоркан (Боде/Глимт), Сондре Лангас (Дерби Каунти), Хенрик Фалкенер (Викинг), Торбјорн Хегем (Болоња), Маркус Холмгрен Педерсен (Торино), Џулијан Рајерсон (Дортмунд), Лео Скири Остигард (Џенова), Давид Мелер Волф (Вулверхемптон)

Среден ред: Тело Осгард (Глазгов Ренџерс), Сандер Берге (Фулам), Патрик Берг (Боде/Глимт), Фредрик Орснес (Бенфика), Оскар Боб (Фулам), Мортен Торсби (Кремонезе), Кристијан Торствет (Сасуоло), Мартин Едегор (Арсенал),

Напаѓачи: Антонио Нуса (Лајпциг), Јенс Петер Хауге (Боде/Глимт), Андрес Шјелдеруп (Бенфика), Ерлинг Халанд (Манчестер Сити), Александар Серлот (Атлетико Мадрид), Јорген Странд Ларсен (Кристал Палас).

Share

The post (Видео) Кралот Харалд V ги најави Норвежаните на Светското првенство appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK