Фудбалерите на Ланс го освоија Купот на Франција откако го победија тимот на Ница во финалето во Париз. Натпреварот на стадионот „Стад де Франс“, во Сен Дени заврши со резултат 3:1.
Ланс прв пат во историјата го освои во националниот куп, претходно три пати губеа во финалниот меч (1948, 1975 и 1998).
Головите ги постигнаа Флоријан Тован во 25-та, Одсон Едуар во 42-та и Абдала Сима во 78-та минута за Ланс, Џибрил Кулибали во 45+3. минута за Ница.
Фудбалерите на Ланс, вицешампиони на Франција, ја оправдаа својата улога на фаворити и ја завршија сезоната на најубав начин.
The post (Видео) Ланс прв пат во историјата го освои Купот на Франција appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
