Пејачката Џеси Џеј со емотивна објава на социјалните мрежи откри дека ја добила најважната битка во животот – пејачката соопшти дека повеќе нема рак на дојка, една година по шокантната дијагноза што ја сподели со јавноста.
Британската ѕвезда на Инстаграм објави видео додека чекала магнетна резонанца како дел од редовниот годишен преглед, а потоа ги сподели и добрите вести со своите следбеници.
„Резултатите се тука и повеќе немам рак“, напиша Џеси Џеј во описот на видеото, додавајќи емотивни пораки.
Пејачката откри дека по добиените резултати плачела со часови, а потоа почувствувала огромно олеснување.
„Плачев со часови, а потоа за првпат по една година длабоко воздивнав“, напиша таа.
Џеси Џеј јавно ја откри дијагнозата во јуни минатата година, кога им соопшти на фановите дека ѝ бил дијагностициран карцином на дојка. Само неколку недели подоцна беше подложена на операција, а во август ги откажа и презакажа дел од настапите и турнејата поради дополнителен третман.
Пејачката претходно објасни дека решила отворено да зборува за болеста за полесно да се справи со целиот процес, но и за да покаже поддршка и солидарност со луѓето кои поминуваат низ слична борба.
Џеси Џеј, која во 2023 година стана мајка, изјави дека целото искуство ѝ дало „неверојатна перспектива“ за животот и за вистинските вредности.
Нејзината објава предизвика огромен број реакции, а фановите и колегите од музичката индустрија ѝ испратија пораки со поддршка и честитки за победата над болеста.
The post Џеси Џеј ја победи најважната битка во животот: „Повеќе немам рак, плачев со часови“ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
