Руски домаќинки открија едноставен трик кој последниве години станува сè попопуларен меѓу љубителите на практични решенија за домот – метод со само две евтини состојки што може да ги направи прозорците блескаво чисти и да спречи брзо натрупување прашина и траги.
Миењето прозорци за многумина е една од најзаморните домашни обврски. Иако на почетокот изгледа дека темелното чистење ги решава сите проблеми, многу луѓе веќе по неколку дена повторно забележуваат прашина, заматени површини и непријатни линии на стаклото. Класичните средства успешно ја отстрануваат нечистотијата, но честопати не можат да спречат таа брзо повторно да се појави.
Токму затоа, вниманието сè повеќе го привлекуваат едноставни домашни методи кои освен што чистат, создаваат и дополнителна заштита на површините.
Според советите на искусни домаќинки, тајната не е само во чистењето, туку и во создавањето тенок заштитен слој на стаклото што ја одбива прашината и го намалува појавувањето на дамки и траги.
За оваа метода потребни се топла вода, средство за чистење стакло, омекнувач за алишта, глицерин, мека сунѓереста крпа и микрофибер крпа.
Во првиот чекор прозорците се чистат на вообичаен начин со средство за стакло за да се отстранат маснотиите, прашината и сите наслаги. Потоа следува вториот чекор, кој според многумина ја прави најголемата разлика.
Во 150 милилитри топла вода се додава една лажица глицерин и 50 милилитри омекнувач за алишта. Во подготвената течност се натопува мека крпа, добро се цеди и со неа се пребришуваат стаклата.
По ова не е потребно дополнително плакнење. Прозорците може природно да се исушат или лесно да се исполираат со сува микрофибер крпа.
Според објаснувањата, омекнувачот создава антистатички слој кој спречува лепење на прашината, додека глицеринот додава дополнителен сјај и ги отстранува ситните линии и дамки.
Овој трик станува сè попопуларен затоа што не бара скапи производи ниту сложени процедури. Многумина тврдат дека ефектот трае значително подолго од класичното миење и дека прозорците остануваат чисти, сјајни и без видливи траги со недели.
The post Тајната на руските домаќинки: Прозорци без траги и прашина со едноставен рецепт appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
