Фудбалерите на Хал Сити по пауза од девет години повторно ќе играат во Премиер лигата.
Хал направи голема сензација, во финалето од плејофот го победи фаворизираниот Мидлсбро со 1:0 на „Вембли“ со гол на Оли Мекберни во 95-та минута.
Покрај пласманот во елитните редови на англискиот фудбал, овој успех му носи на клубот значителни финансиски приходи, проценети на околу 231 милион евра, благодарение на новиот договор за телевизиски права.
Тимот предводен од Сергеј Јакировиќ се врати во Премиер лигата за прв пат од 2017 година.
Претходно пласман во Премиер лигата изборија Ковентри и Ипсвич.
The post (Видео) Мекберни го врати Хал во Премиер лигата appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
