Голем број велосипедисти, деца, млади и рекреативци денеска беа дел од јубилејното 20-то издание на традиционалната спортско-рекреативна манифестација „Сите на велосипед – 2026“, која уште еднаш ја исполни Прилеп со спортски дух, позитивна енергија и заедништво.
За успешното одржување на настанот информираше градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, истакнувајќи дека градот повторно покажал дека спортот и здравите животни навики се вредности што ги поврзуваат сите генерации.
Учесниците беа дел од велосипедската тура на релација Прилеп – Мало Коњари – Прилеп, а манифестацијата помина во одлична атмосфера, исполнета со дружење, рекреација и спортски ентузијазам.
Проданоски упати благодарност до сите учесници, како и до организаторите и поддржувачите кои придонеле за реализација на настанот.
Посебно признание беше упатено до Велосипедскиот клуб „Илинден“, кој со својата долгогодишна работа и посветеност продолжува да биде еден од носителите на велосипедската култура и спортските активности во Прилеп.
„Нека традицијата продолжи уште многу години“, порача Проданоски.
Манифестацијата „Сите на велосипед“ со години претставува еден од препознатливите спортско-рекреативни настани во Прилеп, а нејзиното јубилејно издание уште еднаш потврди дека интересот и поддршката кај граѓаните не изостануваат.
The post (ВИДЕО) Проданоски: Прилеп на две тркала – илјадници насмевки и спортски дух на јубилејното 20 издание на „Сите на велосипед“ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
