мај 26, 2026

Фудбалерите на Волфсбург, не ја искористија шансата за која се изборија во последното коло од сезоната во Бундес лигата. Волфсбург, во плеј офот не успеа да го елиминира Падерборн (третопласираниот тим во Втората лига) и по 29 години испадна од Бундес лигата.

Натпреварот започна на најдобар можен начин за Волфсбург. Веќе во 3-та минута, Џенан Пејчиновиќ ја искористи асистенцијата на Адам Дагим и му донесе водство на својот тим со прецизен удар од десната страна.

Сепак, клучниот момент од натпреварот се случи во 14-та минута. Јоаким Меле, кој само две минути претходно доби жолт картон за неспортско однесување, поради невнимателен старт заслужи уште еден жолт картон, а судијата Феликс Цвајер го испрати во соблекувалната.

Со играч повеќе на теренот, Падерборн ја презеде целосната иницијатива. Притисокот на домашниот тим се исплатеше во 39-та минута, кога Филип Билбија од неколку метри го совлада и голманот Грабара за 1:1.

Во второто полувреме се случи вистинска опсада на голот на Волфсбург. Домашните создаваа можности, додека Волфсбург се бранеше со играч помалку.

Соодносот на силите на теренот најдобро го илустрира статистиката на удари кон голот, која на крајот од натпреварот изнесуваше неверојатни 36:4 за Падерборн.

Бидејќи по 90 минути немаше победник, се отиде во продолжение во кое Падерборн продолжи да напаѓа. Наградата за упорноста дојде во 100-та минута. Свен Мишел ја нафрли топката од левата страна, а на втората статива одбраната на Волфсбург целосно го заборави Лаурин Курда, кој со волеј ја смести во мрежата за водство од 2:1.

До крајот на натпреварот, исцрпените играчи на Волфсбург немаа сила да одговорат. Падерборн мирно ја зачува предноста и по последниот свиреж на судијата го прославија својот трет влез во Бундеслигата во историјата на клубот.

Foto/ EPA

Share

The post Волфсбург испадна од Бундес лигата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK