мај 27, 2026

Полни раце работаа имаше полицијата во Лајпциг, во пресрет на финалниот натпревар на Конференциската лига, во кое Кристал Палас и Рајо Ваљекано ќе се сретнат вечерва во 21 часот.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат судири меѓу навивачи во близина на паб во германскиот град, група луѓе облечени во црни маици како трчаат кон навивачи облечени во дресови на Кристал Палас, по што на сцена стапи интервентната полиција.

Германската полиција го блокираше просторот во близина на главниот плоштад во градот по инцидентите.

Се верува дека десетици навивачи биле приведени, поради нарушување на јавниот ред и мир, пишуваат англиските медиуми.

Кристал Палас и Рајо Ваљекано добиле нешто помалку од 11.500 билети за финалето од УЕФА. И покрај ова, се очекува илјадници навивачи да патуваат во Лајпциг без билети за да ја почувствуваат атмосферата и да го гледаат натпреварот на големи екрани и во пабови.

Двата клуба се борат за својот прв голем европски трофеј, а победникот ќе обезбеди место во Лигата на Европа следната сезона.

Share

The post (Видео) Тепачки на навивачите на Кристал Палас и Рајо Ваљекано низ Лајпциг appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK