мај 27, 2026

Општина Битола и Културниот и информативен центар (КИЦ) утре, 28 мај 2026 година (четврток), организираат отворен ден за идните средношколци под мотото „Твој избор – твоја иднина“.

Настанот ќе се одржи од 11:00 до 13:00 часот на платото пред Офицерскиот дом, каде што посетителите ќе имаат можност да се запознаат со образовните програми, проектите и активностите на средните училишта во Битола.

Во рамки на настанот ќе бидат поставени штандови на средните училишта, младинските организации и организациите за млади, а предвидена е и музичка програма.

Организаторите посочуваат дека целта е идните средношколци полесно да се информираат и да го направат вистинскиот избор за своето образование и иднина.

Share

The post Општина Битола организира Отворен ден за новите средношколци под мотото: „Твој избор – твоја иднина“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK