Новак Ѓоковиќ по три часа и 44 минути го мина второто коло на Ролан Гарос. Третиот носител го победи Валентан Роаје со 3:1 (6:3, 6:2, 6:7, 6:3).
Ѓоковиќ беше на пат да забележи лесна победа, рутински ги доби првите два сета, имаше брејк предност во третиот, но застана откако започнаа проблемите со првиот сервис. Лошо го одигра и тај-брејкот, водеше 3:0, со две грешки го врари противникот во игра, а имаше меч топка која не ја искористи, па Роаје намали на 2:1.
Во третиот сет решавачки беше брејкот во четвртиот гем. На крајот ја искористи петтата меч топка.
Ова беше негов 120-ти настап на Ролан Гарос, што е рекорд по бројот на одиграни натпревари на еден Гренд Слем турнир.
Негов противник, во третото коло, во петок ќе биде Жаоа Фонсека, кој по спектакуларен рпесврт го елиминира Хрватот, Дини Пржмиќ. Хрватот ги доби првите два сета со 3:6, 4:6, а потоа Финсека возврати со 6:3, 6:1, 6:2.
Foto/ EPA
The post Ѓоковиќ славеше со непотребни компликации appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
