мај 28, 2026

Општина Битола организира граѓански форум посветен на уредувањето и разубавувањето на плоштадот „Гоце Делчев“.

Форумот ќе се одржи на 3 јуни со почеток од 14:00 часот во Офицерскиот дом во Битола, а граѓаните ќе имаат можност да ги споделат своите мислења, идеи и согледувања поврзани со изгледот и уредувањето на плоштадот.

Од Општина Битола информираат дека целта е преку директна комуникација со јавноста да се добијат предлози кои ќе придонесат за поквалитетно и поубаво урбано уредување на еден од најзначајните јавни простори во градот.

„Ве очекуваме“, порачуваат од локалната самоуправа.


Share

The post Граѓански форум во Битола: Идеи и предлози за уредување на плоштадот „Гоце Делчев“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK