септември 21, 2024

Операцијата за заземање на населбата ја изведоа „доброволни одреди за напади“ со поддршка од артилериските и ракетните сили на редовната војска, изјави портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков.

Руските сили ја презеле контролата врз Клешчеевка, клучна пристапна точка до транспортниот центар Бахмут во Донбас, источна Украина, соопшти денес Кремљ, јавува Агенција Анадолија (АА).

Операцијата за заземање на населбата ја изведоа „доброволни одреди за напади“ со поддршка од артилериските и ракетните сили на редовната војска, изјави портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков, на брифинг со новинарите во Москва.

„Редовната војска ја зазеде и населбата Лобковоје во југоисточниот регион Запорожје“, додаде Конашенков.

Евгениј Пригожин, шефот на руската приватна воена компанија „Вагнер Груп“, рече дека неговите платеници „целосно ја презедоа контролата“ врз Клешчеевка, клучното предградие на градот Бахмут преку кое украинските војници се снабдуваат со оружје и воена опрема.

Пригожин тврди дека „жестоки битки“ продолжиле околу Клешчеевка, при што Украинците цврсто се бореле за секој метар земја.

„Спротивно на различните мислења дека ВСУ (Вооружените сили на Украина) бегаат од Артјомовск (руското име за Бахмут), тоа не е така. ВСУ работат јасно, непречено. Имаме многу што да научиме од нив. Но, во секој случај, единиците на ПВК Вагнер напредуваат метар по метар. Населеното место Артјомовск ќе биде преземено“, рече тој.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK