декември 3, 2024

„Подготвени сме да работиме на пренос на електрична енергија од Туркменистан и Азербејџан до нашата земја“, рече Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Туркије ги продолжува разговорите со Русија и Украина за ставање крај на војната.

„Преку договорите за транспорт на жито и размена на заробеници меѓу Русија и Украина, гледаме дека е возможно да се трасира патот кон мирот доколку ѝ се даде шанса на дипломатијата“, рече Ердоган на трипартитниот Самит на Туркије, Азербејџан и Туркменистан.

Тој истакна дека во оваа насока продолжуваат разговорите со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Владимир Зеленски.

„Се надеваме дека прво ќе постигнеме прекин на огнот, а потоа и траен мир во нашиот регион“, рече Ердоган.

Ердоган, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и туркменскиот лидер Сердар Бердимухамедов се состанаа денеска во градот Аваза во западен Туркменистан, за да разговараат околу чекорите за понатамошно подобрување на соработката меѓу трите земји во различни области, особено во трговијата, енергетиката и транспортот.

Претседателот на Туркије рече дека треба да се започнат активности за транспорт на гас од Туркменистан до западните пазари.

„Подготвени сме да работиме на пренос на електрична енергија од Туркменистан и Азербејџан до нашата земја“, рече Ердоган.

Ердоган додаде дека полноправното членство на Туркменистан во Организацијата на туркиските држави ќе ја зајакне групата. Од 2021 година Туркменистан има статус на набљудувач во оваа организација.

АА

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK