септември 22, 2024

„Овој одвратен чин е уште еден пример за алармантното ниво што го достигнаа исламофобијата и расистичките и дискриминаторските движења во Европа“

Туркије денес најостро го осуди палењето на Куранот во Шведска, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Го осудуваме на најостар можен начин пакосниот напад врз нашата света книга, Куранот, денеска [21 јануари] во Шведска, и покрај повеќето наши претходни предупредувања“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

Нарекувајќи го чинот „целосен злочин од омраза“, Министерството порача: „Дозволувањето на овој антиисламски чин, кој ги има како цел муслиманите и ги навредува нашите свети вредности, под превезот на слободата на изразување е целосно неприфатливо“.

Повикувајќи ги шведските власти да ги преземат неопходните мерки против „сторителите на ова злосторство од омраза“, Министерството истакна: „Овој одвратен чин е уште еден пример за алармантното ниво што го достигнаа исламофобијата и расистичките и дискриминаторските движења во Европа.“

Министерството, исто така, ги повика сите земји, како и меѓународните организации, да преземат конкретни чекори за солидарност против исламофобијата.

Осудата од Туркије дојде откако на Расмус Палудан, лидерот на данската екстремно десничарска партија Страм Курс (Цврст правец), му беше дадена дозвола да го запали Куранот денес пред турската Амбасада во Стокхолм.

Поради тоа, Анкара ја откажа претстојната посета на шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон на Туркије.

Турското Министерство за надворешни работи вчера го свика шведскиот амбасадор во Анкара, Стефан Херстром, кому му беше кажано дека Туркије „остро го осудува овој провокативен чин, кој очигледно претставува кривично дело од омраза, дека ставот на Шведска е неприфатлив, дека Анкара очекува чинот да не биде дозволен, како и дека навредите на светите вредности не можат да се бранат под превезот на демократските права“.

Туркије ја предупреди Шведска дека дозволувањето пропагандни активности што круговите поврзани со терористичката ПКК ги подготвуваа да ги реализираат во Стокхолм денес е „јасно кршење“ на трипартитниот договор, изјавија турски дипломатски извори.

Шведскиот министер за надворешни работи, Тобијас Билстром, рече дека е загрижен поради тоа што со демонстрацијата се ризикува дополнително одложување на ратификацијата на шведската кандидатура за НАТО од страна на Туркије.

Но, тој рече дека би било „многу несоодветно“ да повика да не му се дозволи на одредено лице да демонстрира.

Минатата недела, Туркије ја повика Шведска да преземе чекори против терористичките организации по демонстрациите во Стокхолм, каде приврзаниците на терористичката организација ПКК обесија кукла со ликот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за нозете, а потоа објавија снимки од провокацијата на социјалните мрежи заедно со закани против Туркије и Ердоган.

Шведска и Финска официјално поднесоа барање за влез во НАТО во мај, напуштајќи го повеќедецениското воено неврзување, одлука поттикната од руската војна против Украина што започна на 24 февруари.

Но, Туркије, членка на НАТО повеќе од 70 години, изрази приговори, обвинувајќи ги двете земји за толерирање и поддржување на терористичките организации, како што се ПКК и ФЕТО.

Во јуни, Туркије и двете нордиски земји потпишаа меморандум на самитот на НАТО за решавање на легитимните безбедносни грижи на Анкара, со што се отвори патот за нивното евентуално членство во Алијансата.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK