септември 22, 2024

Вицепремиерот Артан Груби во интервју за ИРЛ откри дека на 5 јануари заедно со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, биле на средба со поранешниот премиер Зоран Заев во Струмица, на која разговарале четири часа.

Според Груби, поканата за Али Ахмети да оди кај Заев била од поодамна, но сѐ погласните политички шпекулации дека поранешниот премиер кумува на евентуална широка влада без присуство на ДУИ, била поводот Ахмети за првпат во својот живот да ја посети Струмица.

„Сега брзо, на петти јануари, ден после роденденот на господинот Ахмети. Значи на 5ти јануари. Се видовме со господинот Заев како што ви кажав, разговаравме околу четири часа. Он ни беше домаќин, за прв пат господинот Ахмети отиде во Струмица да се види со господинот Заев на негова покана и разговаравме околу актуелностите. Така што и околу господинот Заев и од сите учесници на тој состанок од 21 декември, вклучително и премиерот Димитар Ковачевски сме уверени и апсолутно веруваме дека такви некои сценарија не се ниту разгледувани, не се ниту прифатливи. Ниту за господинот Заев, ниту за претседателот и премиерот на СДСМ, Ковачевски“, рече Груби во подкастот „Разговор во редакција“.

Груби уверува дека со тоа што тој и Ахмети биле на средба со Заев, ДУИ не го дефакторизирала актуелниот премиер Димитар Ковачевски.

„Не, апсолутно. Јас мислам, односно не мислам, знам – дека господинот Ковачевски има целосна и апсолутна поддршка од господинот Заев и од сите структури, вклучително тука и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и другите предводници на СДСМ“, вели Груби.

Освен за шпекулациите дека се подготвува евентуално маргинализирање и праќање во опозција на ДУИ, Заев, Ахмети и Груби разговареле и како да се дојде до 80 пратеници за најавените уставни измени за внесување на Бугарите во највисокиот правен документ.

„Значи, ние нема за што да се договараме на средбата со господинот Заев, туку разговараме за можни начини со кои што би обезбедиле најмалку 80 гласови, а идеално сите да гласаат за уставните измени и секако разговаравме за тоа како беше во 2017-та и 2018-та, 2019-та и како е можно да се реализираат уставните измени и сега. Секако, со огромен придонес овде и предводник на целиот процес е премиерот Ковачевски. Имаме идеи, имаме иницијативи, не подалеку од неделава веќе ги започнавме процесите и верувам дека јавноста ќе не поддржи целосно но ќе не поддржи и опозицијата“, објасни Груби.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK