септември 22, 2024

Младиот Иван Ѓоргиевски од Крива Паланка кој го извлече светиот крст од водите на Крива Река, го донираше телевизорот што го доби од општината на Атанас Ангеловски, детенце со попреченост.

ХЕРОЈ: Иван Ѓоргиевски од Крива Паланка кој го извлече светиот крст ЈА ДОНИРАШЕ СВОЈАТА НАГРАДА НА ДЕТЕНЦЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Ѓоргиевски, заедно со градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, го посетија малиот Атанас кој поради попреченоста што ја има не може да се движи и му доставија подароци.

-Хуманостa и добрината се одлики на човечност, затоа денес заедно со Иван Ѓоргиевски, го изненадивме Атанас и однесовме подарок и јас, и Иван, кој ја донираше наградата добиена за Водици бидејќи го извлече крстот од водите на Крива Река.

Во пресрет на шестиот роденден на Атанас, кој од мал се бори со попреченоста, го посетивме во неговиот дом и покрај радоста што му ја приредивме, посакавме Бог да го благослови со здравје и безгрижно детство, рече Митовски.

Мајката Бисера се заблагодари за хуманоста и изненадувањето што го приредија за нивното синче и рече дека се среќни што некој се сетил и на нив.

Инаку, семејството Ангеловски е во сицијален ризик, со двајца невработени членови и малолетниот Атанас на кој му се потребни постојана грижа и нега.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK