септември 22, 2024

Мексиканскиот фудбалски клуб Пумас објави раскин на договорот со Дани Алвеш.

Одлуката е донесена откако еден ден претходно Бразилецот беше приведен по обвинението од 23-годишна девојка за сексуално насилство во ноќен клуб во Барселона.

Претседателот на мексиканскиот клуб Леополдо Силва излезе со соопштение во врска со раскинувањето на договорот со играчот.

– Со оваа одлука, клубот ја потврдува својата посветеност на нетолеранција кон постапките на кој било член на нашата организација, насочени против нејзиниот дух и вредности. Нашиот клуб се залага за почит, чесност и достоинство на нашите играчи и на теренот и надвор од него, бидејќи тие се пример во општеството, во Мексико и на други места во светот. Не можеме да дозволиме однесувањето на еден човек да и наштети на нашата филозофија која отсекогаш била примерна во тренирањето и развојот на младите спортисти во земјава, изјави Силва.

Договорот на Алвеш со Пумас беше со важност до 30 јуни 2023 година. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK