септември 22, 2024

 Екипата на МЗТ Скопје Аеродром вечерва на домашен терен загуби од Будуќност со 90:86. Аеродромци беа блиску до изненадување, успеаја да се вратат од -19 и во финишот го израмнија резултатот, но немаа сили за целосен пресврт.

Сепак, МЗТ Скопје и покрај тоа што на овој меч беше ослабен без повредениот Кук и болниот Миќовиќ, покажа дека има квалитет и е цврсто решен додека постојат шанси да се бори за опстанок.

Најефикасни во поразениот состав беа Војдан Стојановски со 20 и Абдул-Малик Абу со 19 поени.

Кај Будуќност се истакнаа Хајнес со 22 поена и Каба со 14 поени и 17 скока.

МЗТ е последен во АБА-лигата со две победи и 14 порази, Будуќност е на биланс 10 победи и шест порази. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK