Одмаздничките мерки на Москва кон француските медиуми ќе бидат такви што добро ќе ги паметат доколку Париз не престане да ги тероризира руските новинари, соопшти руското Министерство за одбрана по блокирањето на сметките на РТ Франс.
– Блокирањето на сметката на РТ Франс ќе доведе до одмазднички мерки против француските медиуми во Русија. Ќе бидат такви што ќе останат запаметени доколку француските власти не престанат да ги тероризираат руските новинари – соопшти Министерството за надворешни работи на Русија.
Да потсетиме, директорката на РТ Франс, Ксенија Фјодорова, вчера соопшти дека сметките на редакцијата се блокирани и дека од банката велат дека тоа е направено по налог на надлежните.
– ,,Добивме писмо од нашата банка за блокирање на сметката на РТ Франс по налог на француските власти во врска со деветтиот пакет санкции на ЕУ што беше усвоен во декември. Иако РТ Франс не е на списокот и има право да работи во Франција, ваквата одлука ја парализира нашата активност. Очигледно е дека самиот факт што постоиме не им даде мир на властите” – напиша таа на Телеграм.
Следете не, не има насекаде