септември 22, 2024

Началникот на онколошкиот оддел на окружната болница во Сучеава, Романија, бил приведен откако бил обвинет за примање мито од болни од рак, 62 пати за само една недела, пишува романскиот портал Romanian Journal.

По претресот на неговата лекарска ординација, како и на неговото службено возило, полицијата соопшти дека пронашла докази за 64 дела на поткуп, од кои 62 се случиле во текот на една недела во декември минатата година, а се тврди дека примал мито од болни од рак во износ од 50, 100 и 200 леи, односно 10, 20 и 40 евра, а покрај пари добил и храна и слатки.

Полицијата и обвинителството покренаа истрага откако неколку пациенти се пожалија дека им барал мито за да го добие потребниот медицински третман, пишува Romanian Journal.

Според романската здравствена декларација, началникот на онколошкиот оддел има месечна плата од 17.500 леи, односно 3.500 евра, а уапсениот началник плата земал и од две други приватни клиники.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK