септември 22, 2024

 Поранешниот играч за врска на Ливерпул, Стивен Џерард сака фудбалерот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем да се пресели во англискиот клуб.

– Се што треба да направи е да ми даде датум кога ќе биде слободен и јас ќе одам во Дортмунд за да разговарам за преселба во Ливерпул, го цитира „Goal“ Џерард.

Деветнаесетгодишниот фудбалер беше поврзуван со многу големи клубови, вклучувајќи ги Ливерпул, Реал Мадрид, Манчестер сити и Челзи. Сепак, Борусија се уште не сака да го пушти.

Оваа сезона играчот од средниот ред одигра 22 натпревари за клубот од Дортмунд, постигнувајќи девет голови и три асистенции. Неговиот договор е до летото 2025 година.

Порталот Трансфермаркт го цени играчот на 110 милиони евра. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK