септември 22, 2024

„Не видов копно 24 дена. Не ни зборував со никого. Не знаев што да правам. Не знаев каде сум. Беше тешко“

Колумбиската морнарица спасила морнар кој поминал 24 дена на море и преживеал благодарение на шише кечап и зачини, пишува NBC News.

Елвис Франсоа (47) од Доминиканската Република е спасен во Карипско Море.

„Немав храна, освен тоа шише кечап што го најдов на бродот. Имав и лук во прав и Maggi. Го измешав тоа со малку вода“, рече тој.

Франсоа бил спасен од трговски брод на околу 120 наутички милји северозападно од Ла Гуахира, соопшти морнарицата во средата.

На трупот на бродот напишал „Помош!“, а тој натпис го забележале од воздух.

По спасувањето тој е пренесен во Картагена на лекарски преглед, по што ќе биде однесен дома.

Во видеото објавено од морнарицата и дистрибуирано до медиумите, Франсоа вели дека се чувствува добро.

„Не видов копно 24 дена. Не ни зборував со никого. Не знаев што да правам. Не знаев каде сум. Беше тешко“, вели тој во видеото. „Во некои моменти изгубив надеж. Размислував за моето семејство.“

Франсоа вели дека ја поправал својата едрилица кога бил однесен од силни струи во близина на островот Св. Мартин во Холандските Антили, каде што живее.

Вели дека се обидел да се врати на пристаништето, но не успеал, а се обидел да им се јави и на пријателите, но ја изгубил врската.

„Не можев да направам ништо освен да седам и да чекам“, рече тој.

Користеше крпа за собирање дождовница, изјави командантот Карлос Урбано Монтес.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK