септември 22, 2024

Британскиот глумец Роберт Патинсон на модната ревија на „Диор“ во Париз се појави во фустан. „Диор“ ја промовираше новата мода за мажи за есен и зима за 2023 година, а глумецот ги изненади сите кога пристинга во блескаво темносино здолниште од твид и кафена јакна, со црни чизми до глуждот на нозете.

Како заштитно лице на луксузниот бренд, Патинсон ревијата ја следеше од првиот ред во друштво на бројни познати личности. На крајот прошета по пистата покрај главните лица на „Диор“.

Актерот потпиша договор вреден 12 милиони долари со „Диор“ во 2012 година и стана редовен на саемите за машка облека на брендот во Париз. Оично носеше колекции на спортски кожени јакни или костуми.

Минатиот месец за првпат се појави на црвениот тепих на шоуто на „Диор“, со неговата девојка Суки Атерхаус (30). Заедно се четири години, се до ревијата на „Диор“ во Египет, ниту еднаш се немаат појавено заедно на некој официјален настан.

За потсетување, Бред Пит минатата година ги изненади фановите кога на премиерата на филмот Bullet Train во Берлин се појави во фустан. Неколку дена подоцна, на премиерата во Лондон, кога новинарка му постави прашање да го коментира фустанот, Пит се пошегува и им препорача на сите мажи во Британија да пробаат да носат за полесно ги поднесат топлите денови.

The post Роберт Патинсон на модна ревија во Париз дојде во фустан appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK