септември 22, 2024

Сите енергетски капацитети во земјава работат со полн капацитет, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

-По долги години целиот енергетски капацитет во државата работи во полн капацитет за производство и снабдување со електрична енергија, истакна министерот  Бектеши во емисијата ДЕТЕКТОР на Телевизија Сител.

Во анкетата спроведена од ИПИС која беше презентирана во емисијата ДЕТЕКТОР на ТВ СИТЕЛ, каде што гостуваше министерот Бектеши, од испитаниците Албанци, 47 отсто од Албанците сметаат дека државата е подготвена да се соочи со енергетската криза во текот на следните период, за разлика од македонските испитаници, од кои само 28 проценти сметаат дека државата има капацитет да се соочи со енергетската криза.

Бектеши, како што е наведено во соопштението од Министерството за економија, повтори дека од 1 јануари 2023 година ќе има пониски цени на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи.

-Вкупно 99,2 отсто домаќинства во земјава ќе имаат намалување на цената на струјата, изјави Бектеши.

The post Бектеши: Сите енергетски капацитети во земјава работат со полн капацитет appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK