– Британскиот премиер Риши Сунак изрази жалење за смртта на четири лица во несреќата во која учествуваше мал брод со мигранти во Ла Манш, јавија британските медиуми.
-Сигурен сум дека целиот Парламент ја споделува мојата тага за трагичната загуба на животите кога рано утринава потона мал брод во Ла Манш, рече Сунак во изјавата пред Парламентот.
„Сочувствуваме со сите погодени и им изразуваме благодарност на вклучените во масовната спасувачка операција“, наведе британскиот премиер.
Портпаролот на британската Влада претходно изјави дека властите рано утринава биле предупредени за инцидент во Ла Манш во кој бил вклучен мал брод со мигранти во неволја.
-По координирана операција за пребарување и спасување предводена од Кралската крајбрежна стража, со жалење ве информирам дека четири лица загинаа во овој инцидент. Истрагата е во тек и во догледно време ќе обезбедиме дополнителни информации, рече портпаролот.
Следете не, не има насекаде