Американскиот генерал Марк Мајли ги спомна и паднатите руски војници. Тој рече дека Русија претрпе „огромна количина на жртви… многу повеќе од 100.000“.
Се претпоставува дека бројките ги вклучуваат и руските сили и платеничката група Вагнер, која работи за Русија.
Украина, од друга страна, ја претстави бројката од 120.126 убиени Руси и уште 860 убиени во петокот. Овие бројки не се официјално потврдени и се разликуваат од руските официјални бројки, кои се значително пониски.