Турција ги продолжува разговорите со Русија и Украина за ставање крај на војната, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Преку договорите за транспорт на жито и размена на заробеници меѓу Русија и Украина, гледаме дека е можно да се трасира патот кон мирот доколку ѝ се даде можност на дипломатијата“, рече Ердоган на самитот на Турција, Азербејџан и Туркменистан.
Како што пренесува Anadolu Agency, тој истакна дека во таа насока продолжуваат разговорите со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Се надеваме дека прво ќе постигнеме прекин на огнот, а потоа и траен мир во нашиот регион“, рече Ердоган.
Ердоган, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и туркменскиот лидер Сердар Бердимухамедов се состанаа во западниот туркменски град Аваза, за да разговараат за чекорите за понатамошно подобрување на соработката меѓу трите земји во различни области, особено трговијата, енергијата и транспортот.
Следете не, не има насекаде