септември 22, 2024

Јас се согласувам со граѓаните дека цените се зголемени во 2022 година, но оваа година тие се намалуваат, вели за Детектор, Министерот за економија Крешник Бектеши.

Бектеши: Цените се намалуваат – мерките на Владата даваат резултат

Цените веќе се стабилизираат. Има намалување на цените. Кога кажуваме намалување, за да бидам коректен, ние ги споредуваме со цените кои нагло се зголемија во јули, август и септември. Сега ние да бидеме некоректни кон граѓаните, ќе излеземе после 2 месеци и ќе кажеме дека имаме големо намалување на прехранбените производи затоа што и ќе ги споредиме со месеците од претходната година каде што има нагло зголемување.

Ние како Влада носиме политики, мерки за да го стабилизираме пазарот. Дали ние можеме да влијаеме на цените на увоз надвор од државата, на тоа не може да влијаеме, вели Бектеши оправдувајќи ги се уште високите цени на некои основни прехрамбени производи.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика во Македонија лани цените на прехранбените производи се зголемиле за околу 40% додека годишната стапка на инфлација изнесува 14,2%.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK