септември 22, 2024

Времето денеска ќе биде претежно облачно со променлива облачност во поисточните делови. Од изутрина ќе има врнежи од дожд кои на места во попладневните часови ќе бидат обилни. На планините, а попладне и на некои повисоки места ќе има врнежи од снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 8 степени.

Во наредните денови под влијание влажен бран преку ноќта од запад ќе се прошират врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни денеска, како и утре претпладне (локално над 30 л/м2). Врнежи од снег ќе има на планините, каде снежната покривка значително ќе се зголеми, а од утре од крајот на денот повремен снег ќе има и на некои повисоки места особено на западот.
Потоа во следните денови ќе преовладува променливо облачно и постудено време со слаби локални врнежи од дожд и снег на планините, а особено во среда снег ќе има и на повисоките места.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK