септември 22, 2024

Одделот за аналитика при СВР Тетово евидентира дека во текот на целата 2022 година, полициските службеници  откриле и законски санкционирале вкупно 1728  лица, односно возачи кои ги управувале возилата без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа.

Сите биле исклучени од сообраќај и изготвени им се предвидените поднесоци со парична глоба од 250 евра во денарска противвредност. Толкава глоба ќе треба да платат и лицата кои им ги дале возилата да ги управуваат, иако знаеле дека не поседуваат возачки дозволи.

-Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел, посебно до младите, да не седнуваат зад волан без положен возачки испит и да ги почитуваат ограничувањата предвидени за возачи почетници. Затоа што, во спротивно, ја доведуваат во прашање сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот и негативно влијаат на вкупната безбедност на патиштата во поширокиот Полошки Регион, истакна Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во текот на 2022 година санкционирани  биле 453  возачи почетници кои не се придржувале кон законските ограничувања за оваа категорија учесници во сообраќајот. Паричната глоба за овој вид прекршок изнесува 200 евра во денарска противвредност. Во текот на овој месец, заклучно со денеска (23 јануари),  санкционирани се 36 возачи без дозволи на тетовското подрачје.

The post По петмина возачи без положен испит или возачка фаќала тетовската полиција секој ден appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK